Ракомет

Гарабаја: ПСЖ има супер-тим,но и ние ќе си ја бараме својата шанса

Гарабаја: ПСЖ има супер-тим,но и ние ќе си ја бараме својата шанса

Рубен Гарабаја пред натпреварот на Е.Печистњр против ПСЖ изјави дека неговите избраници треба да се фокусираат на позитивен резултат и да му создадат големи проблеми на фаворитот.

„Мораме да се фокусираме на самите себеси, за да напредуваме секојдневно. Треба да се фокусираме на добрите страни на ПСЖ и да го дадеме најдоброто од себе. Да се обидеме да бидеме ефективни и ништо да не му биде лесно на ривалот. ПСЖ има супер-тим, со супер-ракометари и одличен тренер.

Добро е што играме со нив на почетокот на сезоната, бидејќи секојдневно ќе напредуваат. Во Париз нема да ги имаме нашите навивачи, нашиот осми играч, но сигурно ќе ја почувствуваме нивната поддршка“, изјави Гарабаја.

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер ќе се одигра в четврток со почеток во 20:45 часот

 

To top