По победите во Суперкупот над Вардар и против Загреб на стартот од Лигата на шампионите, Рубен Гарабаја, го забележа првиот пораз на официјален натпревар на клупата на македонскиот шампион Е.Пелистер.
Шпанскиот стратег и тренер на македонскиот шампион истакна дека е горд на своите момци за кои откри дека во соблекувалната биле лути и тажни од поразот.
„Не сакам да бидам со многу честитки денес, но тоа не значи дека мојот тим не прави добра работа, иако загубивме во последните пет минути. Мора да бидеме горди на овој тим. Во соблекувална видов лути и тажни лица. Овие момци веруваа во чудо. Сега мора да гледаме на следниот меч и да се бориме. Никогаш нема да ги загубиме нашите надежи на секој меч, тоа треба да биде во нашата ДНК. Секогаш ќе веруваме во нас. Тоа го докажавме и на овој меч кога се вративме од висока негатива“, рече шпанскиот стратег.
Најдобар поединец кај македонскиот тим беше Манасков со пет гола, еден помалку имаше Кузмановски, а Цехте заврши со три гола.