Германски Магдебург ја забележа четвртата победа од исто толку меѓусебни дуели со Еурофарм Пелистер.
Европскиот шампион беше сигурен на гостувањето во Битола и деветтиот триумф во групата Б го обезбеди со резултат од 26-31.
Тренерот на домашните Рубен Гарабаја. изјави дека е горд на одиграната партија на момците против така силна екипа како Магдебург.
„Ова е целосно поинаков пораз за разлика од минатиот против ПИК Сегед. Горд сум на моите ракометари, бидејќи денес игравме против еден од најдобрите тимови во светот. Горд сум на пристапот и играта „еден на еден“. Магдебург е многу добар во таа игра, но денес докажавме високо ниво на игра во одбрана, но тоа не беше доволно. Сепак, мора да продолжиме со нашата работа и да се гордееме, бидејќи денес бевме на нивото.
На почетокот промашивме неколку лесни шутеви, а и лесно загубивме многу топки во првиот дел. Имавме осум загубени топки во првиот дел, во вториот само една. Но, ако правиш грешки против екипа како Магдебург многу тешко е да издвојуваш позитивен резултат“, рече шпанскиот стратег.