Членовите на ракометниот клуб Алкалоид беа гости во утринската програма на јавниот национален сервис.
Во име на тимот претставник беше голманот Иван Галевски, кој ги коментираше победите над Еурофарм Пелистер во Суперкупот на Македонија и над Вардар 1961 на стартот на Суперлигата.
„Да се победат Вардар и Пелистер е огромна работа затоа што тие се двата клуба кои котираат високо по бројот на титули во македонскиот ракомет. Но, ова не значи ништо знатоа што ние сме млади играчи, а во такви тимови знае да има осцилации. Но, ние работиме напорно за да се етаблираме добро на македонската сцена. За мене, ова беше едно непроценливо искуство, освојување на Купот на Македонија и Суперкупот. Сакам да одам чекор по чекор. Сами си го трасираме патот, а тој е професионалноста и напорната работа. Имаме уште доста дерби натпревари во Суперлигата, нивото е многу високо и мора да останеме присебни. Тоа што ни е цел ќе дојде со напорна работа“, рече Иван Галевски.