Ракомет

Фуксе Берлин го порази Е. Пелистер во ЛШ

Фуксе Берлин го порази Е. Пелистер во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион, Пелистер го загуби и вториот меч од Лигата на шампионите оваа сезона откако во Битола беше совладан од Фуксе Берлин со 30-22.

Главен играч на Фуксе Берлин беше поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев кој запиша дури 14 интервенции.

По првите 30 минути германскиот тим веќе направи голема разлика, со нивно водство од 15-9 се замина на одморот. Во вториот дел продолжија да ја зголемуваат предноста за на крајот да слават со 30-22.

Во редовите на Пелистер најефикасен беше Радивојевиќ со пет голови, кај Фуксе Андресон постигна седум.

Следниот меч на Пелистер е во Романија каде му гостуваат на Динамо Букурешт, дуелот се игра на 26. септември.

To top