Ракомет

Франција и Холандија обезбедија полуфинале на СП во ракомет за жени

Франција и Холандија обезбедија полуфинале на СП во ракомет за жени

Репрезентациите на Франција и Холандија успешно ги минаа своите противници, обезбедувајќи си место меѓу четирите најдобри селекции на турнирот.

Актуелниот светски првак, репрезентацијата на Франција, ја совлада Данска со резултат 31-26. Французинките покажаа доминантна игра, особено во првото полувреме, со што ја потврдија својата кандидатура за одбрана на титулата на Мундијалот.

Во вториот четвртфинален натпревар, Холандија ја победи Унгарија со 28-23. Натпреварот се одигра во Ротердам, а холандските ракометарки од самиот почеток наметнаа силно темпо, обезбедувајќи заслужен пласман во полуфиналето.

To top