Ракомет ракомет

ФОТО: Му предвидуваа куса кариера поради тежината, но тој и денеска игра

Беше сензација на Светското ракометно првенство во 2021 година, но не поради неговата добра игра на теренот, туку заради неговата телесна тежина. Станува збор за ракометниот репрезентативец на Конго, Тјери Готије Мвумби, кој на тоа првенство беше пријавен со тежина од 89 килограми, која подоцна беше коригирана на 137 килограми.

View this post on Instagram

A post shared by @gauthiermvumbi

Тогаш многумина му предвидуваа куса кариера поради неговата тежина, но сепак тој ги демантираше критиките и повторно настапува за својата репрезентација на Африканското првенство, ое се одржува во Египет.

Мвумби е роден во Франција, но одбра да игра за Конго и имаше неколку забележителни настапи на Мундијалот во 2021 година. Тој и даде четири гола на Данска, а против Бахреин беше прогласен за играч на мечот, иако на теренот мина само девет минути.

Во Франција настапуваше за неколку нисколигаши, а потоа следуваше понуда од Соединетите Американски Држави, каде потпиша за Детроит и токму таму го запозна легендарниот Шекил О’Нил, кој му го даде прекарот „ракометниот Шек“.

View this post on Instagram

A post shared by Handball Premium (@handballpremium)

To top