Ракомет се врати дома

Филип Кузмановски е нов играч на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека од денес нов член на актуелниот шампион е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

Филип Кузмановски е нов играч на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека од денес нов член на актуелниот шампион е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

Процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни странски засилувања продолжува, и враќањето на поранешниот член на битолскиот клуб е одлука која оди во тој правец.

Кузмановски е дете на Пелистер, сите ракометни чекори ги направи во Битола и доби афирмација во тој дрес. Потоа се пресели во Металург, кратко играше во Еурофарм Работник, па се одлучи за интернационална кариера.

Избра германски предизвик и ја искуси Бундеслигата. Една сезона го носеше дресот на Магдебург, па три сезони настапуваше за Хановер, а од јануари годинава го носеше дресот на Вецлар кој денеска објави дека се раздели со нашиот 27-годишен бек.

Наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер и неговото деби се очекува деновите во Суперлигата и Лигата на шампионите. Официјалното претставување на Кузмановски како нов ракометар на македонскиот шампион е закажано за понеделник 20 ноември.

To top