Ракомет

Филип Кузмановски е МВП на „Жолтиот Куп“ во Винтертур!

Филип Кузмановски е МВП на „Жолтиот Куп“ во Винтертур!

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на „Жолтиот Куп“ без пораз, односно со две победи над Бахреин и Украина како и реми со Швајцарија.

Нашиот капитен Филип Кузмановски доби голема чест и беше избран за МВП на турнирот.

Бекот на Македонија прво беше избран и во идеалниот тим во кој беше единствен наш репрезент, додека потоа ја доби и главната награда за најкорисен играч на турнирот.

Од Винтертур делегацијата на Македонија ќе се упати директно кон Хернинг.

Таму нашите репрезентативци ќе ги доработат подготовките пред стартот на Европското првенство и дуелот со Данска в сабота (16 јануари).

 

To top