Струга по 53-ти. пат ќе биде домаќин на меѓународниот ракометен турнир, а организаторот го одреди текот на натпреварите.
Турнирот ќе се игра вкупно четири дена, а ќе започне на 13 август со езерското дерби меѓу Струга и ГРК Охрид од 18:30 часот.
Во дуелот на двата суперлигаши, фаворити се „рибарите“ кои предводени од Ројевиќ важат за една од екипите за највисок дострел во Суперлигата.
Настанот ќе се игра од 13 до 16 август, а во продолжение погледнете го комплетниот распоред.