Имено, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров денес на реванш дуелот од 1/8 финалето се поразени минимално од чешка Хазена Книжварт со 33-34, но со оглед на поголемата гол разлика од победата во Скопје со резултат 32-29, „Лавиците“ од Ѓорче се пласираа во 1/4 финале од Европскиот куп.
самото Четвртфинале е големо достигнување за ѓорчепетровки, и воопшто за македонскиот женски ракомет, по речиси доста изминати години.
Денес во таборот на ЖРК Ѓорче Петров, Дамјаноска и Николовска беа најефикасни со по шест гола, а Јанкуловска и Коларовска дадоа по пет гола.