Ракомет

Еурофарм Пелистер во драматичен финиш поразен во финалето на турнирот во Турција

Еурофарм Пелистер во драматичен финиш поразен во финалето на турнирот во Турција

Ракометниот македонски шампион Еурофарм Пелистер е поразен во големото финале на пријателскиот турнир во турски Болу од Мешков Брест со резултат од 31-35.

Мечот го одбележа драматичен финиш во кој битолчани и се повлекоа од теренот незадоволни од судиската арбитража.

Сепак по убедување и дијалог помеѓу двете екипи и делегатот, „зелено-белите“ се вратија и го доиграа мечот.

Радивојевиќ како и Емилијан Ѓорговски со по шест гола беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер, додека Борзаш даде еден помалку, пет.

To top