Ракомет

Еурофарм Пелистер со победа на стартот на струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер со победа на стартот на струшкиот ракометен турнир

Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер во својот прв натпревар на 52 издание на Меѓународниот ракометен турнир Струга „Меморијал Вангел Баљуковски – Баљук“ го совлада домаќинот Струга со 39:22.

Најефикасни со по шест голови во победничките редови беа Ф. Кузмановски и П. Атанасијевиќ.

Потсетување дека во групата А се екипите на Вардар 1961, Ескилстуна Гуиф (Шведска) и Тиквеш 2014, а во групата Б се Еурофарм Пелистер, ПАОК (Грција) и Струга.

 

To top