Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер по десеттодневни подготовки во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола своја база за подготовки ќе ја имаат на Златибор.
Таму ќе тренираат и ќе одигра два контролни натпревари.
Избраниците на Бранислав Ангеловски директно од Златибор ќе се префрлат во Струга на средината од август, а потоа ќе одиграат уште два интернационални турнири во Турција и БиХ на крајот од месецот.
За разлика од минатата година, Еурофарм Пелистер е посилен за Митревски и Ивиќ, повратникот Хосни, кружниот напаѓач Цикатиќ и дефанзивецот Абутовиќ.