Ракомет

Еурофарм Пелистер ќе игра на „Турнирот на шампионите“ во Добој

Еурофарм Пелистер ќе игра на „Турнирот на шампионите“ во Добој

Македонскиот машки ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе учествува на популарниот „Турнир на шампионите“ кој ќе се игра во Добој, Босна и Херцеговина.

Турнирот ќе се одржи од 28 август до 1 септември, а на натпреварувањето ќе учествуваат и Веспрем, Татабања, Бешикташ, Загреб, Војводина, Слога и Ал-Ахли.

Пелистер во минатото двапати го освојуваше популарниот турнир, и тоа во 1996 и 1997 година.

To top