Ракометарите на оваа екипа со победа ги започнаа подготовките за новата сезона, во која одново ќе ја претставуваат во Лигата на шампионите на ЕХФ.
Пелистерци веќе неколку дена се во Златибор, а веќе го одиграа и првиот контролен натпревар. Противник на македонскиот шампион беше Мешков Бест, кој во неизвесен натпревар беше совладан со минимални 30-29. На полувреме беше 16-13 за „зелено-белите“.
Воедно, ова беше и прв натпревар на новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, кој летово пристигна во Битола како замена за сонародникот Раул Алонсо.
Пелистерци по Златибор се враќаат во Македонија, каде ќе ги продолжат подготовките, а ќе настапат и на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, кој на програмата е од 19 до 23 август.