Ракомет

ЕХФ: Последниот гол на Германија против Португалија не бил регуларен

ЕХФ: Последниот гол на Германија против Португалија не бил регуларен

Германија триумфираше над Португалија со 32-30 во првото коло од главната рунда на ЕП во ракомет, но спортскиот резултат падна во сенка поради спорниот гол во самиот финиш, кој предизвика бурни реакции.

Клучната ситуација се случи во последните секунди од мечот, кога Германците постигнаа гол по изведување од центар.

Португалската клупа веднаш реагираше, посочувајќи дека дел од германските ракометари ја преминале централната линија пред да биде даден судискиот сигнал, поради што погодокот требало да биде поништен.

Од Европската ракометна федерација подоцна потврдија дека имало пропуст во судењето и преку официјално соопштение ја објаснија контроверзната одлука.

„Во 59:55 минута, германскиот ракометар со број 54 го изведе почетното фрлање по голот на Португалија. Проблемот настана затоа што играчите со број 5 и 23 ја минаа централната линија пред судискиот свиреж. Играчот со број 23 потоа ја прими топката и постигна погодок. Исправна одлука ќе беше повторување на почетното фрлање, но проценивме дека тоа немаше да влијае на поседот на топката“, стои во објаснувањето на ЕХФ.

Од Федерацијата додадоа дека оваа ситуација не може да биде разгледувана преку ВАР-системот, бидејќи не се вбројува меѓу таканаречените „Game Changing Situations“.

To top