Европската ракометна федерација преку соопштение им одговори на Хрватите и на нивниот селектор, Дагур Сигурдсон.
ЕХФ призна дел од пропустите, но направи и споредба со шампионатите кои се одигра во 2018 и 2025 година во Хрватска, потенцирајќи им дека тогаш не им било проблем да патуваат од базата која сами си ја одбрале.
„Европската ракометна федерација ги признава критиките поврзани со распоредот на натпреварите на првенството. Распоредот за ЕХФ ЕУРО се утврдува заеднички меѓу организаторите и ЕХФ, значително пред почетокот на шампионатот.
Во процесот на донесување на оваа одлука се вклучени сите релевантни засегнати страни, односно Бордот на нации, кој ги претставува националните федерации.
Распоредот им е познат на сите селекции најдоцна со ждрепката за завршниот турнир, повеќе од шест месеци пред почетокот на натпреварувањето.