Македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер на домашен терен го надигра Алкалоид и го победи со 33-20 и со доминантниот дуел ја анулира негативата од „Автокоманда“, па го презеде првото место на табелата пред последните три кола во регуларниот дел од сезоната во македонската ракометна машка ракометна Супер Лига,
Никола Митревски го заврши натпреварот со 15 одбрани и еден гол и беше главен на мечот, а кај стрелците, Филип Кузмановски имаше 11 гола, пред Богдан Радивојевиќ со осум реализации. Кај Алкалоид, Мартин Серафимов погоди осум пати, а Игор Ѓорѓиев имаше три гола.