Ракометарите на Охрид конечно зедоа еден голем скалп и го совладаа Е.Пелистер о 29-25 (13-11) во натпреварот од 17. коло на Суперлигата.
Домашната публика можеше да ужива во речиси перфектна претстава на своите миленици во салата „Билјанини Извори“, бидејќи во вториот дел на охриѓани буквално сè им појде од рака.
Шампионот кој беше мотивиран од големата победа над ривалот Вардар во средата беше изненаден од новиот сериозен проект во мак-ракометот.
Најдобар стрелец на средбата беше крилото на шампионот Дејан Манасков со осум реализации од исто толку обиди, додека кај охриѓани блесна Петриќ со седум.
Голманот Кристијан Пилиповиќ беше двоцифрен и собра 12 интервенции, а Хеидаридад на спротивната страна заврши со осум