Македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер го претрпе петтиот пораз во шестиот натпревар во групната фаза на Лигата на шампионите и тоа од Веспрем со 30:23.
Веспрем беше апсолутен фаворит на соочувањето во Битола, статус кој го потврди на теренот каде рутински дојде до резултатот што го посакуваше. Унгарскиот великан мирно ја градеше предноста и по 30 минути игра водеше со 17:12.
Овие плус пет беа јасен сигнал дека Пелистер тешко ќе може да направи на ова соочување, па иако македонскиот првак се прикажа во подобро светло во второто полувреме на крајот мораше да се задоволи со пораз од седум разлика.
Кузмановски стандардно со седум гола беше прв стрелец кај битолчани, Циндриќ со осум реализации пак беше лидер кај победникот.