Ракомет

Е.Пелистер поразен на домашен терен од Висла Плоцк во ЛШ

Е.Пелистер поразен на домашен терен од Висла Плоцк во ЛШ

Е.Пелистер го претрпе осмиот пораз во десетото коло на ракометната Лига на шампиони, откако пред своите навивачи во Битола загуби од Висла Плоцк со 25:28.

По овој резултат, Пелистер остана на претпоследното место на табелата со само четири бода, додека Висла Плоцк дојде до седмата победа и се зацврсти на третото место на табелата зад непрокосновените Магдебург и Барселона.

Кај домаќините најефикасни со по четири голови беа Тајник, Пе. Атанасијевиќ и Пешевски, а Кузмановски запиша три. На спротивната страна најрасположен беше Јанц со седум голови, Фазекаш имаше шест, а Ричардсон пет.

Во следното коло Пелистер му гостува на ГОГ.

To top