Најтрадиционалниот ракометен турнир на овие простори годинава бележи 55-то издание. Од далечната 1965 година секоја година (со исклучок на три години) се одржува ТВ Турнирот на шампионите на кој македонски екипи се составен дел во последните години.
По ждребката пелистерци се во групата А, заедно со Црвена Звезда, Татабања и Загреб. Во групата Б се Веспрем, првиот фаворит за трофејот, Слога, Бешикташ и Ал-Ахли.