Ракомет

Е.Пелистер ќе игра финале на „Купот на пријателството“

Е.Пелистер ќе игра финале на „Купот на пријателството“

Екипата на Бранислав Ангеловски, носена од голманите и младите сили, одигра феноменален финиш и од -5 стигна до победа против Чеховски Медведи од 26-25 (12-15).

Богдан Радивојевиќ со десет гола и без промашување беше прво име меѓу стрелците. Манасков, Борзаш и Пешевски постигнаа по три погодоци.

Кај Чеховски Медведи се истакна Фурцев со пет и Котов со четири гола. Противник на Еурофарм Пелистер ќе биде подобриот од второто полуфинале меѓу Мешков Брест и АЕК Атина.

To top