Ракомет

Е.Пелистер ја победи Татабања за втор триумф на турнирот во Добој

Е.Пелистер ја победи Татабања за втор триумф на турнирот во Добој

Македонскиот машки ракометен шампион Е.Пелистер беше подобар од Татабања со 32-29 на вториот натпревар од турнирот во Добој.

Првото полувреме го одбележа израмнет ракомет, иако на полувреме со водство од еден гол (16-15) замина Татабања, додека во вториот дел продолжи големата борба, по што Пелистер се разбуди и во завршницата се разигра и го совлада противникот со 32-29.

Најефикасен во составот на Пелистер беше Радивојевиќ со седум погодоци. Пелистер во следното коло ќе се сретне против Загреб, додека Татабања ќе игра против Црвена Звезда.

To top