Ракомет

Е.Пелистер и Ник Хенигман ја продолжија соработката!

Е.Пелистер и Ник Хенигман ја продолжија соработката!

Е.Пелистер продолжувасо градење на тимот за следната сезона, откако клубот официјално го продолжи договорот со Ник Хенигман.

Словенечкиот лев бек ќе остане во Битола и во сезоната 2026/27, со опција соработката да биде продолжена и за уште една година, односно до 2028 година.

Во таборот на „пелистерци“ Хенигман се гледа како важен дел од ростерот, играч кој носи квалитет, но и лидерство, иако е дел од тимот само една сезона

Пред трансферот во Македонија, словенечкиот репрезентативец настапуваше за Рибница, ПИК Сегед, како и за француските клубови Сант Рафаел и Шартр, па поседува и богато интернационално искуство.

 

To top