Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот првак Еурофарм Пелистер.
Искусен и квалитетен голман доаѓа во Битола и наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на почетокот на подготовките за новата сезона.
Се работи за 34-годишен голман, кој во својата земја е голема спортска ѕвезда. Саид Хеидарирад доаѓа во Битола од Партизан, откако даде голем придонес за освојување на титулата првак на Србија, која „црно-белите“ ја освоија изминатава сезона.