Ракомет

Е. Пелистер ги пушти во продажба билетите за мечот со Веспрем

Е. Пелистер ги пушти во продажба билетите за мечот со Веспрем

Македонскиот машки ракометен шампион Еурофарм Пелистер во рамките од 6. коло од Лигата на шампионите на свој терен ќе го пречека унгарскиот гигант Веспрем.

Еурофарм Пелистер токму против Веспрем ќе атакува на првата победа во европската елита, а билeтите за овој натпревар се веќе во продажба.

Тие можат да се купат на следниот линк  ТУКА, како и на уште неколку локации низ Битола.

Цените на билетите се 450 денари, односно 550 денари, во зависност од местото на седење во салата „Боро Чурлевски“.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем ќе се одигра на 24 октомври, со почеток од 20:45 часот.

To top