Ракомет

Е. Пелистер до прва победа на ракометниот турнир во Добој

Е. Пелистер до прва победа на ракометниот турнир во Добој

Машкиот ракометен шампион Е. Пелистер славеше минимална победа над Црвена Звезда од 28-27 на ракометниот ТВ-турнир во Добој полувреме 16-14.

Најдобар стрелец во победничкот тим беше Филип Кузмановски со девет гола, кој беше и МВП на мечот. Дејан Манасков заврши со седум погодоци, пред Ѓорговски со пет гола, а голманот Митревски имаше пет интервенции.

Кај Црвена Звезда, Вујишиќ и Давидовиќ постигнаа по пет гола.Следниот натпревар за Е. Пелистер во Добој е против Татабања од 21 часот.

To top