Ракомет

Е.Пелистер до победа во ЛШ на крилата на Митревски

Е.Пелистер до победа во ЛШ на крилата на Митревски

Македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер ја запиша и третата победа во Лигата на шампионите од стартот на сезоната, а истата доаѓа во најдобар можен момент по неочекуваниот триумф кој го забелеша и Висла Плоцк.

Битолскиот тим одржуваше плус еден и не искористи неколку напади за помирна завршница, па така Хосни направи голема грешка во последната минута и дозволи последниот напад да биде за Динамо.

Романскиот тим бркаше бод со последниот напад, но уште еднаш наиде на непремостливата пречка наречена Никола Митревски. Македонскиот репрезентативец со својата 16-та одбрана му фати „жива топка“ на Хосни, па со неговиот бравурозен потег започна прославата во Битола.

Пелистер славеше со 25:24 и остана со свои шанси за пласман во следната фаза, но за да го направи тоа, ќе мора да брка изненадувања против Фуксе Берлин, или ПСЖ.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Ако Митревски брилјираше на голот, вечерва расположени во офанзивен план беа Тајник со шест и Кузмановски и Радивојевиќ со по пет погодоци, додека три гола зад своето име запиша репрезентативецот Атанасијевиќ.

To top