Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до шестата победа во седмиот меч во Супер-лигата на Македонија, откако на свој терен го совладаа тимот на Охрид, кому ова му беше прв пораз.
Иако победата е изразена со три гола разлика 25-22, сепак, домашниот тим во текот на целиот меч ја имаше контролата на резултатот и на играта.
Филип Кузмановски со 10 гола беше лидер кај стрелците.