Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак повторно ги допре срцата на фановите со објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Долгогодишниот капитен и еден од најголемите ракометари во историјата на хрватскиот спорт се присети на својата кариера во репрезентативниот дрес и им се заблагодари на сите што го следеа во тоа „патување“.
„Свет, најомилен дрес, гордост, чест, благодарност и привилегија.Како млад влегов во свет изграден од великани, играчи кои беа пример за мене и кога сè уште бев момче и сонував да играм за Хрватска. Срдечна благодарност до постарата генерација која ме прифати, ме водеше и ме научи што значи да се носи дресот на Хрватска и колку тој многу тежи.
Имав чест и привилегија да учам од големи луѓе, од оние кои го изградија култот на репрезентацијата и горд сум што можев да пренесам дел од тоа наследство на новите генерации“, меѓу другото напиша Дувњак.