Ракомет

Дувњак: Ми се сруши светот по повредата, сега можам мирно да заминам

Дувњак: Ми се сруши светот по повредата, сега можам мирно да заминам

Легендарниот хрватски ракометар Домагој Дувњак денеска последен пат беше во составот на хрватската репрезентација пред домашната публика.

„Не знам што паметно да кажам, голема благодарност за момците и прекрасната публика. Ќе ми пукне срцето од возбуда, во шок сум. По повредата ми се сруши светот, но сега со мирно срце можам да ја напуштам репрезентацијата. Ова ќе го памтам цел живот. Одиме во Осло, сеедно ни е против кого ќе играме во финалето, вечерва славиме, а од утре фокусот е на мечот за златото“, рече, меѓу другото, Дувњак.

To top