Искусниот бек на хрватската репреёзентација Домагој Дувњак истакна дека не смее да се случуваат падови во играта како на овој пријателски натпревар во кој нашиот национален тим во повеќе наврати се враќаше од негатива.
„Победа си е победа, тоа не е за аларм, но мораме да играме многу подобро на Светското првенство. Ги повторуваме истите грешки како на Олимпијадата, поведуваме, имаме предност, а потоа губиме се. Македонија ни стигаше три гола предност за две минути. Ова не смее да ни се случува. Ама, подобро што ни се случи сега, отколку на 15 јануари. Не беше толку лоша одбраната, туку колку бевме бавни во нападот, немаше лесни голови, многу промашивме, бевме статични, а тоа не функционира така“, изјави Дувњак.