Репрезентативецот на Хрватска, Доминик Кузмановиќ, од ова лето ќе започне интернационална кариера.
Голманот на Нексе ќе се пресели во Бундес лигата и таму ќе го чува голот на амбициозниот Гумерзбах.
21-годишниот голман е четвртото засилување за Гумерзбах по ангажирањето на Кентин Мае, Теитур Орн Ејнарсон и Бертрам Облинг.