Словенечкиот ракометар Домен Тајник од следната сезона ќе го носи дресот на Слован Љубљана, откако потпиша тригодишен договор со клубот предводен од Урош Зорман.
Тајник си заминува од Еурофарм Пелистер по три сезони во Битола, период во кој двапати ја освои титулата во македонското првенство и беше едно од клучните оружја на шампионот.
Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а ракометарот реши да прифати нов предизвик и да се врати во татковината.