Ракомет

Домашна победа за Алкалоид, гостинска за Е.Пелистер

Домашна победа за Алкалоид, гостинска за Е.Пелистер

Фаворитите стигнаа до очекуваните победи на денешните дуели од 13.коло од ракометната Супер лига. Алкалоид во Австокманда го совлада Тиквеш со 33:24, додека првакот Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Пролет со 31:25.

Воедно ова е најдобра најава за нивниот дерби дуел во следното коло во Битола.

Алкалоид имаше проблеми со Тиквеш пред се во првиот дел. Избраниците на Кирил Лазаров поведоа со 7:3, но потоа следуваше серија од 6-0 на кавадарчани за 9:7 и 12:10.

По тајм аутот на Лазаров во 23.минута Алкалоид со 4-1 дојде до +1 (14:13) на полувреме. Во вториот дел Алкалоид имаше комплетна контрола и стигна до нова победа. Најефикасен беше Ненад Костески со 6 голови, додека во подолга пауза (повеќе од една година) на теренот се врати неговиот брат Никола, кој постигна 5 голови сите од седмерци.

Еурофарм Пелистер имаше одличен старт и поведе со 5:0, а таа предност ја зачува до самиот крај на дуелот. Андреј Стојановски од Пролет со 9 голови беше најефикасен на дуелот, додека Дејан Мамансков кај Е.Пелистер постигна 8.

To top