Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ и официјално од следната сезона ќе биде нов ракометар на Охрид.
Искусниот 33-годишен голман во последните три сезони настапува во француски Лимож, а пред тоа имаше искуство играјќи во Лигата на шампионите во дресот на Загреб.
Славиќ ја започна својата меѓународна кариера во 2018 година играјќи за Адемар Леон, што беше негова отскочна даска, а настапуваше уште за Замет и Умаг.
Договорот е со важност од две години.
Охрид и Славиќ си подадоа рака на договор во следните две сезони.
На голманската позиција сезонава регистрирани се Чаневски, Блажески и Пилиповиќ, но Пилиповиќ по само една сезона си заминува од Охрид и се сели во швајцарски Луцерн.