Поранешниот словенечки репрезентативец Дејан Бомбач и официјално има нов клуб и е нов ракометар на тимот на Лајпциг кој сезонава бележи резултати далеку под очекувањата и се наоѓа во многу тешка ситуација.
36-годишниот ракометар, откако спогодбено го раскина договорот со Ѓер, беше поврзуван со многу клубови, но накрај се реши да игра во Бундеслигата.
Своето деби во новиот клуб ќе го има на мечот со Хамбург.