Технолошкото деби ќе се случи на завршниот викенд на првенството, кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка (15 јануари – 1 февруари 2026).
Судиите ќе ја носат камерата на полуфиналињата и натпреварите за медали во Хернинг, Данска, пренесувајќи ја акцијата во живо преку приватната 5Г мрежа „Изи5Г“.
“РефКам ги приближува фановите до акцијата повеќе од кога било досега! Ова е дел од мисијата на ЕХФ да прифати врвна технологија и континуирано да го засили доживувањето за милиони гледачи ширум светот“, изјави Мартин Хауслајтнер, генерален секретар на ЕХФ.