Капитенот на младинската ракометна репрезентација, Давид Брестовац, официјално е нов член на германскиот клуб Волфе Вирзбург, каде ќе го брани голот заедно со своите колеги, Мориц Еберт и Марко Богојевиќ.
Вирзбург се натпреварува во третата Бундеслига, но има големи амбиции за пласман во ранг погоре следната сезона.