Селекторот на македонската младинска репрезентација, Дарко Јанев го објави списокот со повикани ракометарки за подготовките во рамки на ЕХФ-неделата.
Јанев го објави списокот со 20 ракометарки кои ќе се подготвуваат за предизвиците на Светското првенство (СП) до 20 години, а собирот е закажан за 4 април со почеток во 9.30 часот во Спортски Центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Светското првенство е закажано за период од 19 до 30 јуни во Скопје.