Неговиот брутален напад врз Европската ракометна федерација одекна како бомба, а германски медиуми останаа затечени од неговата директност.
Поранешниот европски првак со Германија и сегашен предводник на „коцкестите“ предизвика вистински скандал по серијата обвинувања упатени на адреса на Виена.
Сигурдсон, кој важи за човек со „челична дисциплина“, овојпат ја изгуби трпеливоста и отворено проговори за работите кои многумина ги премолчуваат.
Главниот фокус на неговиот напад беше немилосрдниот распоред кој ЕХФ го наметнува на големите натпреварувања.
Според него, профитот и телевизиските права се ставени пред здравјето на самите ракометари.
Сигурдсон смета дека е нечовечки да се очекува врвно ниво на игра кога репрезентациите имаат премалку време за одмор меѓу тешките натпревари. Тој упати жестоки критики за логистиката, сместувањето и условите кои често се под нивото на еден врвен континентален собир.Исландецот не се плаши да укаже на нееднаквиот третман, сугерирајќи дека правилата понекогаш како да не важат за сите.