Експлодира една од најголемите трансфер бомби во историјата на ракометот.
Поранешниот црногорски репрезентативец Владан Липовина, кој своевремено играше и во македонскиот Металург, потпиша тригодишен договор со Ал Кувајт, најтрофејниот клуб таму, вреден 800.000 евра по сезона.
Со овој договор за три години 32 – годишниот ракометар од Цетиње ќе за работи 2.400.000 евра за три години, со што ќе стане и најплатениот ракометар во светот.