Вардаровата легенда Иван Чупиќ ја доби довербата од управата и ја презеде клупата на „црвено-црните“ во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Мисиите и целите на Вардар се секогаш највисоки, па така и оваа сезона. Чупиќ уште на промоцијата нагласи дека е задоволен од играчкиот ростер кој тогаш веќе беше комплетиран, а сега го најави новиот предизвик како млад тренер на „жешката“ вардарова клупа.
„Како и секогаш Вардар има големи амбиции. Сега со нови играчи и со новиот стручен штаб изгледаме како многу подобра екипа од минатата сезона. Почнуваме со тренинзи, се запознавме и полека чекор по чекор ќе напредуваме. Не ги криеме амбициите и во домашното првенство и во Европа.
Квалитетот кој го имаме е многу важен, но за мене сите играчи се нови. Тешка задача е пред нас, но ништо лесно не доаѓа во животот. Многу сум задоволен од стручниот штаб и со целата екипа и сите амбиции кои сами себе ги поставуваме, можеме да ги оствариме. Амбициозни сме и верувам дека околу први јуни 2026 година ќе се радуваме.