Ракомет

Четири репрезентации веќе обезбедија пласман на ракометното ЕП 2026 година

Четири репрезентации веќе обезбедија пласман на ракометното ЕП 2026 година

Машката ракометната селекција на Македонија ќе мора во последните две кола да го потврди својот пласман на следното Европско првенство за ракометари

По поразот и во Копер нашата селекција остана на третата позиција на табелата во групата и во преостанатите два натпревари против Естонија и Литванија. ќе брка ново учество на континентален собир.

По комплетирањето на четвртото коло веќе се познати четири патници на турнирот кој идната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Селекциите на Словенија, Португалија Хрватска и Исланд  имаат четири победи од исто толку натпревари и веќе ја добија посакуваната виза за континенталниот собир.

На собирот во јануари 2026 година ќе се пласираат сите селекции кои што ќе завршат на првата и втората позиција во групата, како и најдобрите четири од осумте третопласирани.

Последните две кола од квалификациите ќе се одиграат на седми, осми и единаесетти мај.

To top