Хрватскиот ракометен тренер Лино Червaр жестоко го критикуваше Ракометниот Сојуз на Хрватска и селекторот на ракометарите, Дагур Сигурдсон, по раната елиминација на турнирот на ОИ во Париз.
Хрватска е елиминирана уште во групната фаза, а Червар „удри“ по актуелниот селектор.
„Разочаран сум. Очекувавме медал, се надевавме на добри резултати и јас тврдам дека Хрватска има тим за да биде при врвот. Сигурдсон е добар тренер, но не е врвен. Критериумите не се исти за сите во оваа ситуација. Мене ме распнаа за среброто, а најскапиот тренер не знае да постави одбрана“, изјави Лино Червар и уште повеќе ја „запали“ атмосферата во хрватскиот ракомет.