Дански ГОГ Гудме ќе биде следниот предизвик за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите. Скандинавскиот првак гостува во Битола, а мечот го најави словенечкиот ракометар Нејц Цехте кој ги сподели очекувањата.
„ГОГ Гудме има многу млад тим. Секоја година тие или ги продаваат или ги менуваат постарите играчи. Доаѓаат играчи од нивната академија и сите играат ист ракомет. Брзо играат, но мислам дека тоа во среда нема да им биде доволно. Нашата одбрана се надевам дека ќе спречи нивни лесни голови, да не дозволиме полуконтри и контри. Сакам да ги повикам навивачите, заедно да го прославиме нивниот роденден и со победа да го потврдиме напредокот.“, изјави Цехте.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме се игра во среда од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ која се очекува да биде исполнета.