Ракометарите на Бутел Скопје го освоија трофејот на меморијалниот турнир во чест на некогашниот десен бек на оваа екипа, Денис Тот.
Избраниците на на Горан Кузманоски најпрво го победија домаќинот со убедливи 34-24, на меч во кој одлични партии имаа Димитар Узунчев со осум и Филип Николов со седум погодоци.
Во вториот натпревар, кој практично беше и финале, македонскиот тим славеше против босанската Грачаница со 29-24. На оваа средба Драган Шољиќ, имаше клучна улога со осум постигнати погодоци.