Фуксе Берлин и актуелниот европски првак Магдебург ќе играат во финалето на Светското клупско првенство во ракомет. Екипите од Бундеслигата во полуфиналните натпревари беа подобри од Барселона, односно Кјелце.
Фуксе Берлин, чии дрес го носат поранешните играчи на Вардар, Драган Милосављев и Михајло Марсениќ, по голема борба и продолженија ја совлада Барселона со 36:35. Во победничкиот тим блескаа Матијас Гидсел со 10 голови и Ханс Линдберг со 8 гола.
Кај Каталонците најмногу голови постигнаа Де Соуза Фраде и Нгесан, по шест.Во второто полуфинале Магбебург беше подобар од полски Кјелце со 28:24. Магнусон постигна шест гола во победничкиот тим, а ист учинок имаше и Нахи во Кјелце.